
Фото: Принтскрин
На 21 август 2025 година, околу 18:05 часот, во кичевската полиција била пријавена тешка сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат во селото Колибари.
Според првичните информации, 15-годишна девојка од истото село, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола врз возилото и излетала од коловозот. Во несреќата животот го загубила и нејзината врсничка – сопатничка од селото Грешница.
Двете малолетнички починале на самото место од здобиените повреди, а смртта ја констатирал лекар. По наредба на јавен обвинител, телата се предадени на обдукција.
На местото на трагедијата увид извршила екипа од ОВР Кичево, а истрагата продолжува за да се утврдат сите околности под кои се случила несреќата.