
Фото: Принтскрин
Крштевките на Охридското Езеро секогаш носат посебна симболика, но тие што се одвиваат кај манастирот Св. Заум имаат уште подлабока духовна тежина.
Овој мал, но историски значаен храм од 14 век, посветен на Светиот Спас, се наоѓа меѓу селата Пештани и Трпејца, и до него може да се пристигне со чамец. Токму тоа го прави секое крштевање таму уникатно, далеку од бучавата на секојдневието.