
Фото: Принтскрин
Деновите на велешанката Лила Димитријевска и нејзиниот син Ристе минуваат во солзи и болка, јавува ТВ24.
Веќе близу три недели тие се оставени без поддршка, бидејќи персоналната асистентка која им помагала секојдневно заминала на породилно отсуство. Оттогаш, Лила сама се бори со грижата за својот син, кој има потреба од постојана нега и внимание.
Недостатокот на асистент го прави секојдневието на ова семејство уште потешко и ја отвора темата за тоа колку е значајна континуираната институционална поддршка за луѓето со попреченост.
Видео: ТВ24