Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство украина црква штип

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Денеска се празнува Преображение на Господ Исус Христос на Тавор

Gladiator 19/08/2025

Фото: Принтскрин

Евангелието ни раскажува за еден од највозвишените и најтаинствени моменти од животот на Господ Исус Христос – Неговото Преображение. Овој настан не е само откровение на Божествената слава на Христос, туку и духовна поука за сите христијани: за верата, за смирението, за молитвата и за вечната надеж во спасението.

Во третата година од Својата проповед на земјата, Господ Исус почесто им зборуваше на учениците за Своите скорешни страдања, но и за славата што ќе следи по Крстот. За да не се поколебаат нивните срца и да не отпаднат од верата, Он – како Премудрост и Учител – сакаше пред страдањата делумно да им ја открие Својата небесна слава.

Затоа ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован и излезе со нив ноќе на гората Тавор и таму се преобрази пред нив. И заблеска лицето Негово како сонце, а облеката Му побеле како снег. И се појавија покрај Него Мојсеј и Илија, големите старозаветни Пророци. И видоа учениците и се восхитија. И Петар рече: „Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме три сеници: една за Тебе, за Мојсеј една, а една за Илија“. Но, додека Петар уште говореше, се оддалечија Мојсеј и Илија и сјаен облак ги опфати Господ и учениците и дојде глас од небото: „Овој е Мојот возљубен Син, Него послушајте Го.“ Откако го слушнаа овој глас учениците паднаа ничкум на земјата како мртви и останаа така лежејќи во страв додека Господ не им пријде и рече: „Станете и не бојте се“ (Мт. 17). Зошто Господ ги зеде само овие тројца ученици на Тавор, а не сите? Затоа што Јуда не беше достоен да ја види Божествената слава на Учителот, Кого тој ќе Го предаде, а Господ не сакаше него сам да го остави под гората, та да не може предавникот со тоа да го оправда своето предавство. Зошто се преобрази на гората, а не во долината? За да не научи на две добродетели: на трудољубие и богомислие. Зашто искачувањето на височина бара труд, а височината ја претставува височината на нашите мисли, т.е богомислието. Зошто се преобрази ноќе? Бидејќи ноќта е попогодна за молитва и богомислие одошто денот и ноќта ја закрива со темнина целата земна убавина, а ја открива убавината на ѕвезденото небо. Зошто се јавија Мојсеј и Илија? За да ја разбијат еврејската заблуда дека Христос е некој од Пророците, Илија, Јеремија или некој друг – затоа Он се јавува како Цар над пророците, и затоа Мојсеј и Илија се јавуваат како слуги Негови. Дотогаш Господ многупати им ја покажуваше на учениците Својата Божествена моќ, а на Тавор им ја покажа Својата Божествена природа. Тоа видение на Неговото Божество и слушањето на небесното сведоштво за Него како за Син Божји требаше да им послужи на учениците во деновите на страдањето Господово за укрепување на непоколебливата вера во Него и во Неговата крајна победа.

Tags: евангелие исус христос преображение на господ исус христос тавор

Continue Reading

Previous: (Фото) Нов жител во скопската зоолошка – се роди женка елен лопатар
Next: (Видео) „Славете го Господа“ во изведба на Душко

Слична содржина

Смрт на студентка од Германија потврдува слични околности како кај смртта на семејството во Истанбул

Смрт на студентка од Германија потврдува слични околности како кај смртта на семејството во Истанбул

19/11/2025
(ВИДЕО) Познато зошто цела македонска јавност ја осуди Гавазова: Еве ја снимката која крена „прашина“

(ВИДЕО) Познато зошто цела македонска јавност ја осуди Гавазова: Еве ја снимката која крена „прашина“

19/11/2025
(ВИДЕО) Потоп во Будва: Река носеше автомобили низ центарот

(ВИДЕО) Потоп во Будва: Река носеше автомобили низ центарот

19/11/2025

Најново

  • Смрт на студентка од Германија потврдува слични околности како кај смртта на семејството во Истанбул
  • (ВИДЕО) Познато зошто цела македонска јавност ја осуди Гавазова: Еве ја снимката која крена „прашина“
  • (ВИДЕО) Потоп во Будва: Река носеше автомобили низ центарот
  • (ВИДЕО) Газда Деко го вовлекол и својот син во смртоносна стапица, посочи обвинителот Јанев
  • (ВИДЕО) Куче било држено две години во бокс – без вода, на сув леб и во смет: „Лајка“ го одзеде од сопственикот

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Смрт на студентка од Германија потврдува слични околности како кај смртта на семејството во Истанбул

Смрт на студентка од Германија потврдува слични околности како кај смртта на семејството во Истанбул

19/11/2025
(ВИДЕО) Познато зошто цела македонска јавност ја осуди Гавазова: Еве ја снимката која крена „прашина“

(ВИДЕО) Познато зошто цела македонска јавност ја осуди Гавазова: Еве ја снимката која крена „прашина“

19/11/2025
(ВИДЕО) Потоп во Будва: Река носеше автомобили низ центарот

(ВИДЕО) Потоп во Будва: Река носеше автомобили низ центарот

19/11/2025
(ВИДЕО) Газда Деко го вовлекол и својот син во смртоносна стапица, посочи обвинителот Јанев

(ВИДЕО) Газда Деко го вовлекол и својот син во смртоносна стапица, посочи обвинителот Јанев

19/11/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Смрт на студентка од Германија потврдува слични околности како кај смртта на семејството во Истанбул
  • (ВИДЕО) Познато зошто цела македонска јавност ја осуди Гавазова: Еве ја снимката која крена „прашина“
  • (ВИДЕО) Потоп во Будва: Река носеше автомобили низ центарот
  • (ВИДЕО) Газда Деко го вовлекол и својот син во смртоносна стапица, посочи обвинителот Јанев
  • (ВИДЕО) Куче било држено две години во бокс – без вода, на сув леб и во смет: „Лајка“ го одзеде од сопственикот

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.