
Фото: Принтскрин
Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ добива ново продолжение со емотивна изведба што допира до срцето. Овојпат, познатиот пејач Наум Петрески ја интерпретира безвременската песна „Ако умрам ил загинам“, а зад реализацијата стои Скендеровски Продукција, кои ја споделија оваа трогателна објава.
Како што велат од продукцијата, проектот не е само одраз на љубовта кон Македонија, туку и сведоштво за вистинско и искрено пријателство.
Во видеото, кое го следи песната, се претставени фотографии и моменти што ја доловуваат блиската врска меѓу Наум и Андреј од групата ДНК, кој трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката во Кочани.