
На 13.08.2025, во 14:45 часот, полицијата во Крива Паланка изврши службен разговор со З.М. (59) од Крива Паланка, кој на магистралниот пат село Жидилово – Крива Паланка врзал куче за патничко моторно возило „Фиат Панда“ и го влечел.
По целосно документирање на случајот, против З.М. е поднесена соодветна пријава, информираат од Министерството за внатрешни работи.
