
Во Кичево е поставен млекомат од кој жителите ќе можат во секое време да набават свежо, непастеризирано кравјо млеко, без додатоци и конзерванси. Млекото потекнува од фармата на манастирот „Света Богородица Пречиста“ и се продава по цена од 100 денари за литар.
Ова е одлична можност за сите кои сакаат да уживаат во природен и здрав производ директно од манастирската фарма, достапен секогаш кога ќе посакаат.

Фото: Macedonia Now