
Армијата на Република Македонија соопшти дека во недела, на 17 август 2025 година, во касарната „Илинден“ во Скопје ќе биде изведена почесна артилериска стрелба. Настанот започнува во 19:00 часот, а ќе бидат испукани 10 плотуни од шест артилериски орудија од страна на единицата на артилерискиот баталјон.
Стрелбата претставува дел од официјалните протоколарни активности на Армијата и е посветена на одбележувањето на 18 август – Денот на АРМ.