
Цените на летното овошје достигнаа рекордни нивоа, а граѓаните реагираат дека многумина не можат да си дозволат свежи витамини во овие летни денови.
Според сведоштва од пазари и маркети, килограм праски чини околу 100 денари, модрите сливи 80, а килограм грозје исто така околу 80 денари. Една мала диња достигнува цена од 130 до 150 денари.
Сезоната на компоти исто така е во тек, но годинава нивната цена ќе биде повисока, велат домаќинките.