
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека состанокот меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот лидер Владимир Путин, одржан на Алјаска, придонел светот да стане побезбедно место.
„Со години гледавме како двете најмоќни нуклеарни сили ги рушат основите на својата соработка и меѓусебно разменуваат остра реторика. Сега таа пракса е прекината,“ напиша Орбан на својот фејсбук-профил.
Тој нагласи дека по самитот, „светот денес е посигурен отколку што беше вчера“.
Состанокот меѓу Трамп и Путин предизвика бројни реакции низ светот – додека дел од лидерите ја поздравија иницијативата за дијалог, други ја критикуваа средбата поради тоа што не донела конкретни резултати.