
Според извештајот на Државниот завод за ревизија за 2023 година, утврдено е дека градоначалниците на Богданци и Дојран, Шапов и Ангов, го прекршуваат член 6, став 4 од Законот за пожарникарство. Имено, тие имаат законска обврска да учествуваат во финансирањето на Противпожарната единица во Гевгелија, што досега не го прават.
Останува отворено прашањето – дали општините Богданци и Дојран конечно ќе почнат да си ги исполнуваат законските обврски и дали градоначалникот Ангов ќе преземе мерки за подобрување на материјалните услови за работа и живот на пожарникарите?