
Дијана Добош, единствената жена која управува со канадер во Хрватска, моментално е дел од екипите што се борат со огнените стихии во Црна Гора.
Нејзината храброст и пожртвуваност во акцијата ѝ го донесоа епитетот „женски Топ Ган“, што таа целосно го оправдува со бројните летови и ризични мисии во служба на гасење пожари и заштита на населението.