
Во Клиничката болница „Жан Митрев“, тимот на проф. д-р Владимир Рендевски успешно изведе прва во Македонија сложена операција на редок тумор во спиналниот канал, во пределот на сакралната коска.
29-годишна пациентка од странство, со хронични болки во крстот и ногата, беше оперирана со современа микроневрохируршка техника, со што туморот беше отстранет и симптомите значително намалени.
Болницата најави дека со ова ја потврдува подготвеноста за најсложени мозочни и спинални операции и обезбедува 24-часовна неврохируршка покриеност.