
Белград – За време на протест пред Правниот факултет во Белград објавена е фотографија на која се гледа припадник на српската Жандармерија како удира жена, што предизвика бурни реакции во јавноста и на социјалните мрежи.
Министерството за внатрешни работи (МВР) тврди дека фотографијата е извадена од контекст. Според нивните информации, жената во тој момент наводно нападнала полицајци со метална шипка, додека припадниците на Жандармеријата биле нападнати со бетонски коцки, камења и стаклени шишиња. Поради тоа полицијата користела средства на присила за да го одврати нападот.
