
Фото: Принтскрин
Минатиот месец, поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, ненадејно му се јавил на норвешкиот министер за финансии, Јенс Столтенберг, со прашање за можноста да биде номиниран за Нобелова награда за мир, пренесуваат норвешките медиуми.
Според извори на весникот Dagens Næringsliv, додека Столтенберг се движел низ Осло, Трамп го контактирал за да разговара за номинацијата, но и за царински прашања. Столтенберг потврдил дека водел разговор за економска соработка и царини, но не влегол во детали за самата комуникација.
Трамп редовно истакнува дека сака да остане запаметен како промотор на мир. Оваа година помогнал да се завршат конфликти меѓу Камбоџа и Тајланд, како и да се потпише мировен договор меѓу Ерменија и Азербејџан.
Во повеќе наврати, тој се пожалил дека не ја добил Нобеловата награда за мир, и покрај своите придонеси. „Без разлика на она што ќе направам, Нобеловата награда за мир нема да ја добијам. Сепак, важно е што луѓето тоа го препознаваат“, напиша Трамп на социјалните мрежи во јуни.