
Двајца пожарникари од Крива Паланка извлекле куче од коритото на Крива Река, откако било влечено со автомобил и брутално фрлено во водата. Животното е предадено на надлежните институции. Од противпожарната екипа остро ја осудија суровоста и апелираа за поголема заштита и казни за насилството врз животните.