
Од вчера попладне, околу 14:00 часот, 39-годишниот Роберт Дрвошанов од Струмица е пријавен како исчезнат. Последен пат бил виден облечен во црвени шорцеви, кафена маица, црна капа и бели патики, а со себе имал и црн ранец.
Семејството упатува итен повик до сите кои имаат било каква информација за неговата можна локација да се јават на број 077/619-822 – Љубинка, мајка на Роберт.