
Фото: Принтскрин
Богородичниот пост започна денес и ќе трае од 14 до 28 август, претходејќи на празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, кој се смета за празник на жените и мајките.
Овој пост е најкраток од четирите големи православни пости, но строг и со голема почит кон Богородица. Се пости на вода секој ден, освен сабота и недела кога е дозволено масло и вино, а за празникот Преображение, кој паѓа во време на постот, се јаде и риба.
Во народниот обичај, грозјето не се јаде до Преображение, кога се дели на верниците. Богородичниот пост е време за духовна подготовка, молитва и посветеност на Пресвета Богородица.