
Фото: Принтскрин
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека борбата против криминалот и корупцијата не може да се води со сегашното Обвинителство и републичкиот обвинител. Тој нагласи дека институциите постојано поднесуваат пријави за сторен криминал, но обвинителството не презема никакви мерки.
„Институциите преземаат активности и доставуваат пријави, но обвинителството мора да реагира. Со ова Обвинителство и со овој обвинител не можете да очекувате резултати во борбата против корупцијата и криминалот. Можам да набројам стотици пријави кои останале без одговор“, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање, поврзано со извештаите на Државниот завод за ревизија за криминали и недоследности.
Премиерот додаде дека, и покрај постојаните напори на институциите, со сегашните обвинители тие мерки се залудни.