
Фото: Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski
Во гостувањето во подкастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека најголемата поддршка и можност за политички пробив му ја дале лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и, како што рече, „Бог“.
Ѓорѓиевски изрази силна увереност дека ќе ја добие довербата на граѓаните уште во првиот изборен круг на претстојните локални избори, нагласувајќи дека неговата програма нуди конкретни решенија за предизвиците со кои се соочува главниот град.
„За многу скоро време, откако ќе ја преземам позицијата градоначалник на градот Скопје, ќе ги ставиме тие две работи во ред, односно тоа е и најголемиот проблем којшто го имаат и се соочуваат сите наши граѓани во изминатов период. Впрочем, најголем дел, најголем процент од граѓаните го истакнуваат ова како сериозен проблем, и нешто со коешто ќе треба од старт да се занимаваме. Затоа велам, од старт, веќе во првиот ден од моето влегување во градот Скопје, една голема генералка, чистење сериозно на градот“, кажа Ѓоргиевски.