
Фото: Принтскрин
Вељко Ражнатовиќ, синот на Цеца и долгогодишен боксер со неколку помали спортски успеси, денеска предизвика внимание на социјалните мрежи со една необична објава.
Иако ретко споделува детали од својот приватен живот и спортска кариера, овојпат реши да објави вест од албански медиуми во која, според нив, бил нападнат и претепан од албански боксер „во среде Цирих“.
Во текстот што го сподели, беше прикажана фотографија од него заедно со наводниот напаѓач – извесен Астрит Сејди од Куманово. Според написот, инцидентот наводно се случил за време на натпревар, иако нема официјална потврда за тоа.
Самиот Вељко очигледно ја сфатил веста со голема доза иронија, бидејќи на својот профил напиша: „Што е ова, мајко мила. Ова е чиста глупост, не се сеќавам кога последен пат бев во Цирих. Луѓето денес ќе веруваат во сè“, додавајќи емотикон со смеа.
