
Фото: Принтскрин
Врз основа на претходно прибавени оперативни информации, полициските службеници синоќа околу 21:15 часот во Кочани го уапсиле 32-годишниот Н.В. од Виница. Тој е осомничен дека на 7 август, пред еден угостителски објект во Виница, се обидел да изврши убиство.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, приведувањето е резултат на координирана акција и претходна истрага спроведена по настанот.
„Имено, Н.В. по претходна вербална расправија, со нож му нанел четири убодни рани на Д.С. од Виница, по што се дал во бегство, појаснија оттаму.
Известен бил надлежен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, како што беше истакнато, ќе следува соодветен поднесок“, соопшти МВР.