
Фото: Принтскрин
Во Подгорица моментално владее тешка состојба со загаден воздух, која дополнително се влоши вечерва поради серијата нови пожари што избувнаа на повеќе локации околу градот.
Командирот на подгоречката противпожарна служба, Никола Бојановиќ, за „ТВ Вијести“ изјави дека најголем проблем претставува големиот пожар во Горња Горица, поради кој вечерва бил привремено затворен магистралниот пат кон Никшиќ.