Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Арбен Таравари Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кисела вода кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија струја тепачка тетово трагедија фросина кулакова црква

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Ванковска со потресно сведоштво: Ми дадоа инструкции да проверам дали има пулс или со огледалце дали дише

Gladiator 10/08/2025

Фото: Biljana Vankovska

Професорката Билјана Ванковска на социјалните мрежи објави потресно лично искуство поврзано со трагичен настан во нејзиното соседство.

Таа опиша дека нејзиниот сосед ненадејно починал, по што веднаш се обидела да побара помош од Итната медицинска служба. Сепак, како што наведува, од таму ѝ било одговорено дека екипите не излегуваат на терен кога станува збор за веќе починати лица.

„Додека уште се соземам од сцените и траумата, размислувам и за уште еден аспект на мојата “чудесна” земја.

Рано наутро ми ѕвони на врата комшивката, цела вознемирена. Ми вели: изгледа брат ми е починат! Таа изгубена, јас во ноќница со едвај отворени очи, прва работа ми беше да повикам брза помош. (Некаде во заднината во умот ми се појави сцената кога последен пат барав Брза помош пред да почине мајка ми. Му кажувам дека жената губи здив, тој ми вели колку е стара и да му ја дадам на телефон да ја чуе! Тогаш побудалев! Прати возило токму кога падна во кома).

Сега ѕвонам спремна на некое друго чудо – и навистина!! Ме слуша жената од таа страна и ми вели: госпоѓо, не доаѓаме за починати. Јас ѝ велам дека не знам дали е починат човекот и дека треба лекар да констатира смрт. И знаете што?! Добивам инструкции да одам јас да проверам дали има пулс или со огледалце дали дише!!!! Јас во шок! Отрча другиот комшија да ја види ситуацијата и навистина настапила смрт.

Сега се јавувам и прашувам каде да се јавам за ваков случај. Ми велат: повикајте Домашна посета. Ама после 7:30. Се јавувам кај нив во 7:30 и ми велат дојдете во 9:00 со лични документи, ќе ви издадеме уверение на лице место, ама носете 500 денари во кеш (немале терминал за картички). Одиме таму и навистина добиваме уверение. Починатиот никој не го виде освен нас и лицата од погребалното.

Уште не ми се верува! Размислувам колку е овде едноставно да прикриеш и (не дај боже) убиство!

Старите и болните не се третираат како луѓе, туку како чист терет.

Уште ако е човек сам“, објави Ванковска.

Tags: Билјана Ванковска

Continue Reading

Previous: (Видео) Ер-трактори и хеликоптери го гаснат пожарот кај националниот парк „Јасен“
Next: ВИДЕО – Избувна пожар на глисер во Охрид

Слична содржина

Орце Ѓорѓиевски: Најголемата шанса во политиката ми беше дадена од Мицкоски и од Бог

Орце Ѓорѓиевски: Најголемата шанса во политиката ми беше дадена од Мицкоски и од Бог

13/08/2025
Скопјанец гаѓал хеликоптер со камења додека полнел вода за гаснење на пожар

Скопјанец гаѓал хеликоптер со камења додека полнел вода за гаснење на пожар

13/08/2025
Зеленски ги израдува мажите на возраст меѓу 18 и 21 година

Зеленски ги израдува мажите на возраст меѓу 18 и 21 година

12/08/2025

Најново

  • Орце Ѓорѓиевски: Најголемата шанса во политиката ми беше дадена од Мицкоски и од Бог
  • Скопјанец гаѓал хеликоптер со камења додека полнел вода за гаснење на пожар
  • Зеленски ги израдува мажите на возраст меѓу 18 и 21 година
  • Приведени двајца малолетници и две женски лица за престрелката во Тетово
  • Аплицирајте за клима или субвенција за струја – овие лица имаат право, познато кои документи се потребни

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Орце Ѓорѓиевски: Најголемата шанса во политиката ми беше дадена од Мицкоски и од Бог

Орце Ѓорѓиевски: Најголемата шанса во политиката ми беше дадена од Мицкоски и од Бог

13/08/2025
Скопјанец гаѓал хеликоптер со камења додека полнел вода за гаснење на пожар

Скопјанец гаѓал хеликоптер со камења додека полнел вода за гаснење на пожар

13/08/2025
Зеленски ги израдува мажите на возраст меѓу 18 и 21 година

Зеленски ги израдува мажите на возраст меѓу 18 и 21 година

12/08/2025
Приведени двајца малолетници и две женски лица за престрелката во Тетово

Приведени двајца малолетници и две женски лица за престрелката во Тетово

12/08/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Орце Ѓорѓиевски: Најголемата шанса во политиката ми беше дадена од Мицкоски и од Бог
  • Скопјанец гаѓал хеликоптер со камења додека полнел вода за гаснење на пожар
  • Зеленски ги израдува мажите на возраст меѓу 18 и 21 година
  • Приведени двајца малолетници и две женски лица за престрелката во Тетово
  • Аплицирајте за клима или субвенција за струја – овие лица имаат право, познато кои документи се потребни

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.