Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Ванковска со потресно сведоштво: Ми дадоа инструкции да проверам дали има пулс или со огледалце дали дише

Gladiator 10/08/2025

Фото: Biljana Vankovska

Професорката Билјана Ванковска на социјалните мрежи објави потресно лично искуство поврзано со трагичен настан во нејзиното соседство.

Таа опиша дека нејзиниот сосед ненадејно починал, по што веднаш се обидела да побара помош од Итната медицинска служба. Сепак, како што наведува, од таму ѝ било одговорено дека екипите не излегуваат на терен кога станува збор за веќе починати лица.

„Додека уште се соземам од сцените и траумата, размислувам и за уште еден аспект на мојата “чудесна” земја.

Рано наутро ми ѕвони на врата комшивката, цела вознемирена. Ми вели: изгледа брат ми е починат! Таа изгубена, јас во ноќница со едвај отворени очи, прва работа ми беше да повикам брза помош. (Некаде во заднината во умот ми се појави сцената кога последен пат барав Брза помош пред да почине мајка ми. Му кажувам дека жената губи здив, тој ми вели колку е стара и да му ја дадам на телефон да ја чуе! Тогаш побудалев! Прати возило токму кога падна во кома).

Сега ѕвонам спремна на некое друго чудо – и навистина!! Ме слуша жената од таа страна и ми вели: госпоѓо, не доаѓаме за починати. Јас ѝ велам дека не знам дали е починат човекот и дека треба лекар да констатира смрт. И знаете што?! Добивам инструкции да одам јас да проверам дали има пулс или со огледалце дали дише!!!! Јас во шок! Отрча другиот комшија да ја види ситуацијата и навистина настапила смрт.

Сега се јавувам и прашувам каде да се јавам за ваков случај. Ми велат: повикајте Домашна посета. Ама после 7:30. Се јавувам кај нив во 7:30 и ми велат дојдете во 9:00 со лични документи, ќе ви издадеме уверение на лице место, ама носете 500 денари во кеш (немале терминал за картички). Одиме таму и навистина добиваме уверение. Починатиот никој не го виде освен нас и лицата од погребалното.

Уште не ми се верува! Размислувам колку е овде едноставно да прикриеш и (не дај боже) убиство!

Старите и болните не се третираат како луѓе, туку како чист терет.

Уште ако е човек сам“, објави Ванковска.

Tags: Билјана Ванковска

Continue Reading

Previous: (Видео) Ер-трактори и хеликоптери го гаснат пожарот кај националниот парк „Јасен“
Next: ВИДЕО – Избувна пожар на глисер во Охрид

Најново

  • (ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици
  • (ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија
  • Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!
  • Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!
  • Почина бабата која внукот ја тепаше до бессознание – ова се деталите!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици

(ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици

22/01/2026
(ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија

(ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија

22/01/2026
Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!

Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!

22/01/2026
Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!

Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!

22/01/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици
  • (ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија
  • Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!
  • Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!
  • Почина бабата која внукот ја тепаше до бессознание – ова се деталите!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.