
Фото: Принтскрин
Албанскиот премиер Еди Рама сподели видеоснимки од текот на операцијата за ослободување на јавните простори во градот Скадар.
На материјалот се забележува како тешка механизација урива натстрешници, импровизирани киосци, метални и дрвени конструкции, како и тераси и покривки кои биле поставени на јавни површини.
Целата акција се одвива под надзор на полициски службеници, кои се грижат за безбедноста и непреченото извршување на работите.