Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Арбен Таравари Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кисела вода кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија струја тепачка тетово трагедија фросина кулакова црква

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Навивачот на Шкендија доби – условна казна затвор и депортација!

Gladiator 07/08/2025

Фото: Принтскрин

Навивачот на Шкендија доби кривична пријава и условна затворска казна, но и депортација, соопшти Јавното обвинителство.

„По извршена идентификација и поднесена кривична пријава од СВР Скопје, Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка процесуираше државјанин на Германија за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 од Кривичниот законик.

Против него беше поднесено обвинение, бидејќи на 5 август, непосредно пред фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Шкендија“ и ФК „Карабаг“, со истакнување и веење знаме на „Голема Албанија“ и со натпис „Автохтона“, предизвикал чувство на омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност. Тоа го забележале полициски службеници, кои го лишиле од слобода.

Врз основа на обезбедените докази во координација меѓу полицијата и надлежното обвинителство, Основниот кривичен суд Скопје веднаш изрече пресуда со која обвинетиот го огласи за виновен и го осуди на условна казна затвор од две години, која нема да се изврши доколку осудениот не стори ново кривично дело во следните 5 години. Во исто време, бидејќи станува збор за странски државјанин, Судот донесе одлука да го протера и да му забрани влез во државава во следните пет години.

Во меѓувреме, МВР и Јавното обвинителство продолжуваат да преземаат координирани активности за откривање и идентификување на сторители на кривични дела на ширење на омраза и нетрпеливост поврзани со спортски натпревари. Веднаш по идентификацијата на сторителите, тие ќе бидат процесуирани во согласност со надлежностите на јавното обвинителство“, се вели во соопштението.

Tags: балисти навивач шкендија

Continue Reading

Previous: Конечно падна договор: Трамп и Путин ќе се сретнат „очи во очи“

Слична содржина

Конечно падна договор: Трамп и Путин ќе се сретнат „очи во очи“

Конечно падна договор: Трамп и Путин ќе се сретнат „очи во очи“

07/08/2025
(Видео) Вратена во функција уште една локомотива

(Видео) Вратена во функција уште една локомотива

07/08/2025
Приведен навивач на Шкендија кој предизвикувал нетрпеливост во Скопје

Приведен навивач на Шкендија кој предизвикувал нетрпеливост во Скопје

07/08/2025

Најново

  • Навивачот на Шкендија доби – условна казна затвор и депортација!
  • (Фото) Комбето на „Амадеус бенд“ излета од патот и се преврте
  • Конечно падна договор: Трамп и Путин ќе се сретнат „очи во очи“
  • (Видео) Вратена во функција уште една локомотива
  • Приведен навивач на Шкендија кој предизвикувал нетрпеливост во Скопје

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Навивачот на Шкендија доби – условна казна затвор и депортација!

Навивачот на Шкендија доби – условна казна затвор и депортација!

07/08/2025
(Фото) Комбето на „Амадеус бенд“ излета од патот и се преврте

(Фото) Комбето на „Амадеус бенд“ излета од патот и се преврте

07/08/2025
Конечно падна договор: Трамп и Путин ќе се сретнат „очи во очи“

Конечно падна договор: Трамп и Путин ќе се сретнат „очи во очи“

07/08/2025
(Видео) Вратена во функција уште една локомотива

(Видео) Вратена во функција уште една локомотива

07/08/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Навивачот на Шкендија доби – условна казна затвор и депортација!
  • (Фото) Комбето на „Амадеус бенд“ излета од патот и се преврте
  • Конечно падна договор: Трамп и Путин ќе се сретнат „очи во очи“
  • (Видео) Вратена во функција уште една локомотива
  • Приведен навивач на Шкендија кој предизвикувал нетрпеливост во Скопје

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.