Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Навивачот на Шкендија доби – условна казна затвор и депортација!

Gladiator 07/08/2025

Фото: Принтскрин

Навивачот на Шкендија доби кривична пријава и условна затворска казна, но и депортација, соопшти Јавното обвинителство.

„По извршена идентификација и поднесена кривична пријава од СВР Скопје, Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка процесуираше државјанин на Германија за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 од Кривичниот законик.

Против него беше поднесено обвинение, бидејќи на 5 август, непосредно пред фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Шкендија“ и ФК „Карабаг“, со истакнување и веење знаме на „Голема Албанија“ и со натпис „Автохтона“, предизвикал чувство на омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност. Тоа го забележале полициски службеници, кои го лишиле од слобода.

Врз основа на обезбедените докази во координација меѓу полицијата и надлежното обвинителство, Основниот кривичен суд Скопје веднаш изрече пресуда со која обвинетиот го огласи за виновен и го осуди на условна казна затвор од две години, која нема да се изврши доколку осудениот не стори ново кривично дело во следните 5 години. Во исто време, бидејќи станува збор за странски државјанин, Судот донесе одлука да го протера и да му забрани влез во државава во следните пет години.

Во меѓувреме, МВР и Јавното обвинителство продолжуваат да преземаат координирани активности за откривање и идентификување на сторители на кривични дела на ширење на омраза и нетрпеливост поврзани со спортски натпревари. Веднаш по идентификацијата на сторителите, тие ќе бидат процесуирани во согласност со надлежностите на јавното обвинителство“, се вели во соопштението.

Tags: балисти навивач шкендија

Continue Reading

Previous: Конечно падна договор: Трамп и Путин ќе се сретнат „очи во очи“
Next: (Видео) Македонското знаме се вее на небото над Скопје

Најново

  • Оваа општина дава по 10.000 денари за полагање возачки испит
  • (ФОТО) Оваа општина дели по 3.000 денари за секое прваче
  • Цените на градежните материјали се во пад, а на становите „летаат во облаци“
  • Пијан возач „летал“ во спротивна насока во Тетово
  • (ФОТО) Момците кои го извлекоа светиот крст ја донираа наградата на деветчлено семејство во Крива Паланка

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Оваа општина дава по 10.000 денари за полагање возачки испит

Оваа општина дава по 10.000 денари за полагање возачки испит

23/01/2026
(ФОТО) Оваа општина дели по 3.000 денари за секое прваче

(ФОТО) Оваа општина дели по 3.000 денари за секое прваче

23/01/2026
Цените на градежните материјали се во пад, а на становите „летаат во облаци“

Цените на градежните материјали се во пад, а на становите „летаат во облаци“

23/01/2026
Пијан возач „летал“ во спротивна насока во Тетово

Пијан возач „летал“ во спротивна насока во Тетово

23/01/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Оваа општина дава по 10.000 денари за полагање возачки испит
  • (ФОТО) Оваа општина дели по 3.000 денари за секое прваче
  • Цените на градежните материјали се во пад, а на становите „летаат во облаци“
  • Пијан возач „летал“ во спротивна насока во Тетово
  • (ФОТО) Момците кои го извлекоа светиот крст ја донираа наградата на деветчлено семејство во Крива Паланка

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.