Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Арбен Таравари Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кисела вода кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија струја тепачка тетово трагедија фросина кулакова црква

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Хелсиншкиот комитет го осуди националистичкото скандирање на мечот меѓу Шкендија и Карабах

Gladiator 06/08/2025

Фото: Принтскрин

Хелсиншкиот комитет за човекови права остро реагираше по повод националистичките и политички обоени скандирања што се слушаа за време на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК Шкендија и Карабах, одигран на 5 август на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

„И покрај апелите од јавноста и институциите за фер и спортско навивање, од трибините се слушнаа повици за „Голема Албанија“, „Чамерија“ и „Илирида“  пораки кои се далеку од манифестирање на спортски дух и придонесуваат за поттикнување меѓуетнички поделби, ја нарушуваат меѓуетничката кохезија, а имаат потенцијал да предизвика и злосторства од омраза.

Дополнително загрижувачки е фактот што ваквите извици не доаѓале само од навивачката група „Балисти“, туку биле извикувани од дел од публиката и тоа во присуство на високи државни функционери. На натпреварот присуствувале, претседателот на Собранието, Африм Гаши, вицепремиерот Изет Меџити  министерот за економија, Валон Дурмиши, како и партиските лидери Али Ахмети и Арбен Таравари и повторно ниту еден од овие високи функционери, за време на натпреварот не реагирал по повод навредувачките скандирања.

Особено е дискутабилна изјавата на претседателот на Собранието, кој од една страна вели дека не ги слушнал повиците додека бил присутен на натпреварот, а од друга страна јавно им честитал на навивачите нарекувајќи ги „достоинствен пример за националните вредности“. Овие контрадикторни ставови испраќаат опасна порака за толеранција на говорот на омраза и политичко навивање на спортски терени.

Осудата на говорот на ораза од страна на политичарите е еден од клучните фактори против ширењето на оваа појава бидејќи говорот на омраза произведува уште повеќе говор на омраза, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза“, се вели во соопштението.

Tags: Карабах Шкендија

Continue Reading

Previous: Тошковски најави „маалски полицајци“
Next: Го убил братот со метален предмет, па го закопал во двор во Кавадарци

Слична содржина

Конечно падна договор: Трамп и Путин ќе се сретнат „очи во очи“

Конечно падна договор: Трамп и Путин ќе се сретнат „очи во очи“

07/08/2025
(Видео) Вратена во функција уште една локомотива

(Видео) Вратена во функција уште една локомотива

07/08/2025
Приведен навивач на Шкендија кој предизвикувал нетрпеливост во Скопје

Приведен навивач на Шкендија кој предизвикувал нетрпеливост во Скопје

07/08/2025

Најново

  • Конечно падна договор: Трамп и Путин ќе се сретнат „очи во очи“
  • (Видео) Вратена во функција уште една локомотива
  • Приведен навивач на Шкендија кој предизвикувал нетрпеливост во Скопје
  • (Видео) Албанец го гази знамето на Косово и го истакна знамето на Албанија
  • „Сцените од Шкендија беа реприза на кумановската трагична приказна“, вели претседателката на Македонија

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Конечно падна договор: Трамп и Путин ќе се сретнат „очи во очи“

Конечно падна договор: Трамп и Путин ќе се сретнат „очи во очи“

07/08/2025
(Видео) Вратена во функција уште една локомотива

(Видео) Вратена во функција уште една локомотива

07/08/2025
Приведен навивач на Шкендија кој предизвикувал нетрпеливост во Скопје

Приведен навивач на Шкендија кој предизвикувал нетрпеливост во Скопје

07/08/2025
(Видео) Албанец го гази знамето на Косово и го истакна знамето на Албанија

(Видео) Албанец го гази знамето на Косово и го истакна знамето на Албанија

06/08/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Конечно падна договор: Трамп и Путин ќе се сретнат „очи во очи“
  • (Видео) Вратена во функција уште една локомотива
  • Приведен навивач на Шкендија кој предизвикувал нетрпеливост во Скопје
  • (Видео) Албанец го гази знамето на Косово и го истакна знамето на Албанија
  • „Сцените од Шкендија беа реприза на кумановската трагична приказна“, вели претседателката на Македонија

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.