
Фото: Принтскрин
Пред две вечери, познатиот фолк-пејач Дарко Лазиќ присуствуваше на прославата по повод полнолетството на ќерката на неговиот колега и пријател, пејачот Среќко Кречар. Роденденската забава се одржа во Шабац и привлече големо внимание поради бројните музички имиња кои настапуваа и создадоа атмосфера за паметење.
Меѓутоа, веселиот настан заврши трагично. Според информациите објавени од регионалните медиуми, во текот на настапот на Лазиќ, додека ја изведувал познатата балада на Шабан Шаулиќ – „Jednu noć si drugom dala“, еден од гостите колабирал и за жал починал на самото место.
Сведоци на настанот изјавиле дека трагедијата се случила ненадејно. Иако медицинска екипа била веднаш повикана, можела само да ја констатира смртта на мажот.