Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автомобил грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Хелсиншкиот комитет го осуди националистичкото скандирање на мечот меѓу Шкендија и Карабах

Gladiator 06/08/2025

Фото: Принтскрин

Хелсиншкиот комитет за човекови права остро реагираше по повод националистичките и политички обоени скандирања што се слушаа за време на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК Шкендија и Карабах, одигран на 5 август на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

„И покрај апелите од јавноста и институциите за фер и спортско навивање, од трибините се слушнаа повици за „Голема Албанија“, „Чамерија“ и „Илирида“  пораки кои се далеку од манифестирање на спортски дух и придонесуваат за поттикнување меѓуетнички поделби, ја нарушуваат меѓуетничката кохезија, а имаат потенцијал да предизвика и злосторства од омраза.

Дополнително загрижувачки е фактот што ваквите извици не доаѓале само од навивачката група „Балисти“, туку биле извикувани од дел од публиката и тоа во присуство на високи државни функционери. На натпреварот присуствувале, претседателот на Собранието, Африм Гаши, вицепремиерот Изет Меџити  министерот за економија, Валон Дурмиши, како и партиските лидери Али Ахмети и Арбен Таравари и повторно ниту еден од овие високи функционери, за време на натпреварот не реагирал по повод навредувачките скандирања.

Особено е дискутабилна изјавата на претседателот на Собранието, кој од една страна вели дека не ги слушнал повиците додека бил присутен на натпреварот, а од друга страна јавно им честитал на навивачите нарекувајќи ги „достоинствен пример за националните вредности“. Овие контрадикторни ставови испраќаат опасна порака за толеранција на говорот на омраза и политичко навивање на спортски терени.

Осудата на говорот на ораза од страна на политичарите е еден од клучните фактори против ширењето на оваа појава бидејќи говорот на омраза произведува уште повеќе говор на омраза, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза“, се вели во соопштението.

Tags: Карабах Шкендија

Continue Reading

Previous: Тошковски најави „маалски полицајци“
Next: Го убил братот со метален предмет, па го закопал во двор во Кавадарци

Слична содржина

Купил пиштол од Скопје, го викнал на кафе и го застрелал во Штип – ова се деталите од Обвинителството

Купил пиштол од Скопје, го викнал на кафе и го застрелал во Штип – ова се деталите од Обвинителството

04/10/2025
(Видео) Дарко брзал дома зашто сопругата му се пораѓала, па настрадал во страшна сообраќајка

(Видео) Дарко брзал дома зашто сопругата му се пораѓала, па настрадал во страшна сообраќајка

04/10/2025
(Видео) Началникот Стефан Иванов го загуби животот во поплавите во Бугарија

(Видео) Началникот Стефан Иванов го загуби животот во поплавите во Бугарија

04/10/2025

Најново

  • Купил пиштол од Скопје, го викнал на кафе и го застрелал во Штип – ова се деталите од Обвинителството
  • (Видео) Дарко брзал дома зашто сопругата му се пораѓала, па настрадал во страшна сообраќајка
  • (Видео) Началникот Стефан Иванов го загуби животот во поплавите во Бугарија
  • (Видео) За малку избегната тепачка меѓу Тоше Зафиров и Кристијан Голубовиќ
  • Цената до плафон: Становите во Скопје поскапеа за 22,3 отсто

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Купил пиштол од Скопје, го викнал на кафе и го застрелал во Штип – ова се деталите од Обвинителството

Купил пиштол од Скопје, го викнал на кафе и го застрелал во Штип – ова се деталите од Обвинителството

04/10/2025
(Видео) Дарко брзал дома зашто сопругата му се пораѓала, па настрадал во страшна сообраќајка

(Видео) Дарко брзал дома зашто сопругата му се пораѓала, па настрадал во страшна сообраќајка

04/10/2025
(Видео) Началникот Стефан Иванов го загуби животот во поплавите во Бугарија

(Видео) Началникот Стефан Иванов го загуби животот во поплавите во Бугарија

04/10/2025
(Видео) За малку избегната тепачка меѓу Тоше Зафиров и Кристијан Голубовиќ

(Видео) За малку избегната тепачка меѓу Тоше Зафиров и Кристијан Голубовиќ

04/10/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Купил пиштол од Скопје, го викнал на кафе и го застрелал во Штип – ова се деталите од Обвинителството
  • (Видео) Дарко брзал дома зашто сопругата му се пораѓала, па настрадал во страшна сообраќајка
  • (Видео) Началникот Стефан Иванов го загуби животот во поплавите во Бугарија
  • (Видео) За малку избегната тепачка меѓу Тоше Зафиров и Кристијан Голубовиќ
  • Цената до плафон: Становите во Скопје поскапеа за 22,3 отсто

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.