Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Арбен Таравари Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кисела вода кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија струја тепачка тетово трагедија фросина кулакова црква

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

„Адора“ објави омаж за Душко Чифлиганец: Ќе останеш запаметен како лидер и визионер

Gladiator 05/08/2025

Фото: Adora Business Group

Младиот бизнисмен Душко Чифлиганец трагично го загуби животот на 3 август 2025 година во спортска сообраќајна незгода.

„Адора Бизнис Групацијата“ се збогува од заменик-претседателот преку социјалните мрежи.

„На 3 август 2025, на 32 години, трагично го загубивме Душко Чифлиганец – заменик-претседател на Адора Бизнис Групацијата. Почина во спортска сообраќајна несреќа.

Душко беше визионер и лидер со јасна цел – раст, иновации и човечност. Под негово водство, Адора се прошири во енергетика, акционерство, хотелиерство и фасилити.

Дипломиран економист од American University in Dubai, кариерата ја почна со сопствена компанија за здрава исхрана.

Негов потпис носат проекти како:
• Adora Flatiron Skopje (2017)
• Diamond Garden by Adora (2018)
• 21st Century Zlatibor Residence & Spa (2023)
• Влез на Адора во енергетика (2021)

Во 2024 започна голем проект во Љубљана, Словенија, со цел проширување во Европа, но за жал – не успеа да го доврши.

Започна со основање на инвестициски фонд и остави трага на Вол Стрит преку Prime Capital by Adora, прва македонска компанија акредитирана од New York SEC.

Филантропски, преку партнерство со Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, помогна во отворање детска градинка во Златибор.

Покрај деловниот успех, Душко беше и страстен спортист – добитник на бројни награди во мото спортот, вклучувајќи и европска титула, со што ја направи Македонија горда на меѓународната сцена.

Со своите зборови ќе остане запаметен:

„Пред сè, треба да бидеме луѓе.“

Душко беше добар човек, сакан син, брат, пријател и визионер.

Почивај во мир. Засекогаш ќе недостасуваш.

„Секоја ноќ бидете благодарни за тоа
што било, и секое утро за тоа што ќе биде.
Секој ден во кој се будиме здрави, е нова шанса
за љубов, среќа и животот што го посакуваме.
Добрата мисла, мирниот ум и спокојот, нека
Ве водат низ животот. Споделете ја љубовта
со луѓето кои ги сакате и бидете блиску до нив.
Верувајте во Бог, тој секогаш знае најдобро.
Амин.‟
– Душко Чифлиганец“, се вели во објавата на „Адора“.

Tags: Адора Душко Чифлиганец

Continue Reading

Previous: Едно лице загина по тепачка во Психијатриската болница во Бардовци
Next: Украина добива пакет од 500 милиони евра: Холандија ќе купува американско оружје за да помогне

Слична содржина

(Видео) „Балисти“ среде Скопје скандираат за „Голема Албанија“

(Видео) „Балисти“ среде Скопје скандираат за „Голема Албанија“

05/08/2025
НАСА сака да изгради нуклеарен реактор на Месечината

НАСА сака да изгради нуклеарен реактор на Месечината

05/08/2025
Телото му било покриено со земја и предмети: Пронајдено телото на исчезнат маж

Телото му било покриено со земја и предмети: Пронајдено телото на исчезнат маж

05/08/2025

Најново

  • (Видео) „Балисти“ среде Скопје скандираат за „Голема Албанија“
  • НАСА сака да изгради нуклеарен реактор на Месечината
  • Телото му било покриено со земја и предмети: Пронајдено телото на исчезнат маж
  • Сеизмолошките станици низ Македонија пред затворање
  • Украина добива пакет од 500 милиони евра: Холандија ќе купува американско оружје за да помогне

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(Видео) „Балисти“ среде Скопје скандираат за „Голема Албанија“

(Видео) „Балисти“ среде Скопје скандираат за „Голема Албанија“

05/08/2025
НАСА сака да изгради нуклеарен реактор на Месечината

НАСА сака да изгради нуклеарен реактор на Месечината

05/08/2025
Телото му било покриено со земја и предмети: Пронајдено телото на исчезнат маж

Телото му било покриено со земја и предмети: Пронајдено телото на исчезнат маж

05/08/2025
Сеизмолошките станици низ Македонија пред затворање

Сеизмолошките станици низ Македонија пред затворање

05/08/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (Видео) „Балисти“ среде Скопје скандираат за „Голема Албанија“
  • НАСА сака да изгради нуклеарен реактор на Месечината
  • Телото му било покриено со земја и предмети: Пронајдено телото на исчезнат маж
  • Сеизмолошките станици низ Македонија пред затворање
  • Украина добива пакет од 500 милиони евра: Холандија ќе купува американско оружје за да помогне

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.