
Фото: Принтскрин
Популарниот американски музичар Џејсон Деруло, кој за првпат настапи пред македонската публика, беше пријатно изненаден со уникатен подарок со локален печат.
Имено, во чест на неговото деби во Македонија, тој доби специјално дизајнирани Nike Air Force 1 патики, рачно изработени од македонскиот артист и дизајнер Филип Арсовски – креативецот зад брендот @rvr.brand.