
Фото: Принтскрин
Дел од жителите на општина Карпош денеска ќе се соочат со прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, планираните исклучувања ќе се реализираат во текот на денот, во различни временски интервали.
Така, од 9:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците на делови од улиците „Згребска“ и „Милан Марковиќ“, додека од 9:30 до 14:30 часот прекин во напојувањето ќе има и на улица „6“ во селото Бардовци.