
Фото: Принтскрин
Патниците на летот Белград–Подгорица не можеа да поверуваат на своите очи – Јелена Карлеуша и Цеца, кои со години се во отворен конфликт, се најдоа во ист авион!
Снимката од оваа неочекувана средба брзо протече во јавноста, а Карлеуша не ја пропушти шансата повторно да ја искаже својата нетрпеливост кон Светлана и на некој начин „да избрише под“ со неа, објави „Информер“.
Како што пренесоа медиумите, еден од патниците го забележал моментот кога двете пејачки – кои долго време се во затегнати односи – се нашле во истиот простор, без да ја кријат својата анимозност.
По случувањето, Карлеуша се огласи на социјалната мрежа „Икс“ со провокативен коментар под видеото што го објавија медиумите, што дополнително ја разбранува јавноста.
– Гледам, нешто смрди… кога – масно репче и кинески задник – напиша Карлеуша, алудирајќи, како што се претпоставува, на Ражнатовиќ, со што уште еднаш стави точка на сите шпекулации за евентуално помирување меѓу двете, објави „Информер.