
Фото: Принтскрин
Четири млади лица со автомобил без регистарски таблички предизвикале опасна ситуација на улиците на Скопје, откако лудувале по булеварот „Партизански одреди“, во близина на пазарчето во Ѓорче Петров.
Инцидентот бил снимен, а видеото за кратко време се прошири на социјалните мрежи, предизвикувајќи бурни реакции во јавноста.
Иако засега не е утврден точниот датум кога е направена снимката, содржината и начинот на возење ги вознемирија граѓаните. Во коментарите доминираат остри осуди на ваквото однесување, кое се оценува како сериозна закана по безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Поднесени пријави против лицата кои дивееја со автомобил по скопските булевари Во врска со видео записот што беше споделен на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека веднаш се преземени мерки и активности и лицата се пронајдени, извршен е службен разговор и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила. Против возачот С.З. (20) од Скопје по член 167 став 2 (поради превезување лице на надворешните делови од возилото) и член 225 став 9 (возење без возачка дозвола) од ЗБСП и член 26 став 10 од Законот за возила (управување возило без регистарски таблици), како и против лицето што стои на хауба Р.Ѓ. (19) од Скопје по член 317 став 14 (му дал да управува возило на лице без возачка дозвола) и член 165 став 2 (прави дејствија со кои ја загрозува својата безбедност) од ЗБСП. СВР Скопје презема и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.
Posted by Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme on Tuesday, August 5, 2025