
Фото: Душко Чифлиганец
Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец и генерален менаџер на компанијата „Адора“, почина во чешка болница откако повеќе од 24 часа лекарите се бореа за неговиот живот. Трагичната вест ја потврдија членови на семејството за „Скопје1“.
Несреќата се случила на 2 август, околу 16 часот, кога Душко паднал од мотор во Чешка, при што се здобил со тешки повреди на главата и сериозни оштетувања на мозокот.
Веднаш по несреќата, бил хоспитализиран и ставен во вештачка кома, приклучен на апарати за одржување во живот.
Извор: „Скопје1“