
Фото: Принтскрин
Колумбиецот Јанко е познат по тоа што пее песни на македонски јазик, а сега за Илинден повторно ја воодушеви македонската јавност.
„Македонија ни го украде срцето. Ние сме Латиноамериканци, но денес – на 2 Август – го славиме македонскиот дух заедно со вас.Големината на македонскиот народ е во силното чувство на идентитет – чувство што живее низ музиката, историјата и борбата. Иако не сме родени овде, Македонија нè прими како свои. И веќе знаеме: дел од нашиот дом е тука, на оваа света земја. Да живее Македонија“, објави Јанко.