
Фото: Принтскрин
Реперот Стефан Ѓуриќ – Раста, синоќа, на 2 август, е уапсен во Охрид, дознава српски Telegraf од извори блиски до истрагата.
Според неофицијални информации, апсењето се случило пред еден хотел во вечерните часови, кога полициски службеници му ставиле лисици на рацете, пред очите на случајни минувачи.
Наводно, Раста бил на пат кон стадионот каде што требало да одржи концерт пред македонската публика, но наместо на сцена, завршил во полициска станица.
Ова не е првпат популарниот музичар да има проблеми со законот. Во октомври 2020 година, тој беше приведен откако полицијата кај него пронајде мала количина марихуана, а подоцна, при претрес на неговиот стан, беше откриен и поголем број на растенија од типот сканк.