
Фото: Hristijan Mickoski/Facebook
По повод одбележувањето на 2 Август – Илинден, еден од најзначајните датуми во македонската историја и Ден на Републиката, премиерот Христијан Мицкоски денеска во Скопје се обрати пред медиумите со изјава.
Во своето обраќање, Мицкоски ја нагласи важноста на Илинден како симбол на борбата за слобода, државност и достоинство на македонскиот народ.
„Овој ден нека нè потсетува на жртвата која што генерациите ја оставиле за да може нашата генерација да го има ова што денеска го имaме , а тоа е слободна, независна држава Македонија“, порача премиерот од Скопје.