
Фото: Принтскрин
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на прес-конференција нагласи дека проблемот со пожарите не е изолиран само на територијата на Македонија, туку претставува сериозен предизвик и за целиот регион.
Таа истакна дека во овие критични моменти е неопходна меѓусебна соработка, координирано делување и поддршка меѓу државите во регионот со цел поефикасно справување со пожарите.
„Голем дел од пожарите не се поради високите температури туку дека има основано сомнение дека се намерно предизвикани“, кажа претседателката.