
Фото: Принтскрин
Тетовецот Иво Бошкоски, кој со децении работи и создава блескава медицинска кариера во Италија, се етаблира како еден од водечките светски имиња во третманот на прекумерната телесна тежина, објави „Слободен печат“.
Тој се смета за пионер во оваа област, откако како прв во светот воведе иновативна процедура што преку специјална гастроскопија го пасивизира хормонот одговорен за чувството на глад. Благодарение на оваа метода, пациентите покажуваат значителни резултати во процесот на намалување на телесната тежина.
Професорот Бошкоски е автор и носител на револуционерниот пристап познат како ендоскопска вертикална гастропластика, или во стручната јавност попозната како Endosleeve.
Целиот текст може да го прочитате на „Слободен печат“.