
Фото: Принтскрин
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави нова порака до Висар Ганиу за дивоградбите во Чаир.
„Висар Ганиу изјавил дека дивоградбите ги наследил. Од кого ги наследи, од баба ти?
Од 2005 до денес само ти и Изет Меџити сте градоначалници на Чаир, а СЕГА во моментов се градат 50 небезбедни згради на диво под твоја заштита.
И не се криј позади дивоградбите, 4 месеци зборувам гласно дека ти се параван за фалсификати, перење пари од црни извори и организиран криминал.
Се уште не одговори како дете на 5 годишна возраст градело во 2010 година и ти доставило барање за легализација. Парите од родендени и ужинки ли ги собирал или ги позајмил од другарите на голем одмор?“, објави Арсовска.