
Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп реши значително да го скрати рокот што му го постави на рускиот претседател Владимир Путин за постигнување договор околу конфликтот во Украина.
Наместо претходно најавените 50 дена, сега поранешниот американски претседател му остава на Путин само „10 или 12 дена“ да се согласи на мировно решение. Оваа изјава Трамп ја даде во текот на интервју, кога беше запрашан за новиот рок кој го поставува.
Инаку, пред само две недели, Трамп во едно од своите јавни обраќања упати јасна порака до Кремљ дека очекува договор во рок од 50 дена.