
Фото: Принтскрин
Премиерот Христијан Мицкоски денеска се обрати на Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“ што се одржува во општина Пустец, Албанија, нагласувајќи ја длабоката врска на македонската заедница со своите корени.
„Пустец е доказ дека припадноста не се брише. Дека коренот останува дури и кога над него дуваат силни ветрови.
Ви благодарам што останавте свои и ви ветувам оваа држава ќе знае да ви возврати со почит, со работа и со постојана поддршка“, кажа Мицкоски.