
Фото: Принтскрин
Група од четири малолетни деца, три девојчиња и едно момче – биле мета на вербална и физичка агресија од страна на друга група деца во делот кај Школка во Градскиот парк во Скопје, објави „Скопје1“.
Немилиот настан се случил пред два дена, кога четирите деца мирно седеле во паркот, уживајќи во летниот ден. Во тој момент им пришла група од пет до шест деца, проценети на возраст меѓу 12 и 13 години, кои без никаква провокација започнале да ги навредуваат и да им упатуваат погрдни зборови.