
Фото: Принтскрин
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе ја помилува 25-годишната девојка која во јануари со автомобил удри студентка за време на протест во Белград, пренесува „Нова“.
Таа е осомничена за обид за убиство, но Вучиќ изјави дека доколку семејството даде согласност, ќе ја аболира, оценувајќи дека обвинението е неоправдано и неправедно.
– Таа девојка не направи ништо што заслужува обвинение за убиство во обид. Девет години како претседател не издадов ниту едно помилување, но оваа неправда мора да се исправи – истакна Вучиќ.
Според него, обвинителството и судовите ја прецениле тежината на делото и не ја земале предвид целосната слика за случајот.