
Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп најави испорака на системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина, нагласувајќи дека тие се неопходни за заштита на украинската територија од постојаните руски ракетни напади.
Според него, иако рускиот претседател Владимир Путин „зборува љубезно преку ден“, навечер следуваат напади со проектили, што ја поткопува секоја надеж за дипломатско решение.
„Ќе им ги испратиме ракетите ‘Патриот’, кои им се очајно потребни“, кажа Трамп.