
Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп најави испраќање на „многу софистицирана“ воена опрема во Украина.
Како што јавува американскиот портал Axios, веројатно е дека на Украина ќе ѝ биде испратено не само одбранбено оружје како системите Patriot, туку и офанзивно оружје, вклучувајќи ракети со долг дострел со кои Украинците ќе можат да напаѓаат цели во Москва.
Трамп ѝ постави ултиматум на Русија: Договор за крај на војната во рок од 50 дена или царини од 100%.