
Фото: Принтскрин
Младиот македонски боксер Арабел Рустемовски постигна значаен успех на Европското јуниорско првенство што се одржа во Нови Пазар, Србија, освојувајќи бронзен медал и уште еднаш потврдувајќи го својот потенцијал на меѓународната сцена.
Талентираниот боксер од Битола, член на клубот Пелистерски Јунак, зад себе има извонреден настап – по две импресивни победи во кои не загуби ниту еден поен, Рустемовски беше запрен во полуфиналето од силниот ерменски претставник Владимир Мшецјан, кој победи со судиско мнозинство 4-1.
Иако не стигна до финалето, бронзениот медал претставува најголем личен успех за Рустемовски досега, но и еден од најзначајните резултати во историјата на неговиот клуб.